Home » Претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани на 14 февруари

Претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани на 14 февруари

by Журнал

Вели дека се консултирал со Државната изборна комисија околу роковите, со што и официјално ќе се потврди датумот од претходно договореното дека првиот круг од седмите по ред претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а вториот заедно со Паралмнеатрите на 8 мај..

-Во Уставот е наведено дека од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, се распишуваат. Тоа значи дека, 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, доаѓа некаде средина на февруари. Направив консултации со ДИК, во смисла на броење на деновите и денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари, а планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори,- изјави – Јован Митрески – Претседател на Собрание.

Роковникот за изборите потоа ќе го изготви ДИК која и понатаму останува со шест члена со оглед на тоа дека во собранието е заглавен изборот на седмиот член. Првиот човек на Комисијата Александар Даштевски вели дека обврска на пратениците е да го пополнат испразнетото место, иако вели дека ДИК може легитимни одлуки да носи и да ги спроведе изборите и со шест члена.

-Би кажал дека со шест членови, тоа е општо познато, може да функционира ДИК бидејќи е потребно мнозинство од гласовите во ДИК и според Деловникот можеме да функционираме и со шест членови сосема солидно. Секако би ни било од полза доколку се избере седмиот член, тоа го оставам на надлежните органи, односно на Собранието на РМ, не можеме во тоа да се мешаме,- изјави – Александар Даштевски – Претседател на ДИК.

На испразнетото седмо место во ДИК инсистираат и од Европскиот сојуз за промени, опозицискиот албански фронт на Гаши, Касами и Меџити, но и од новата партија на Аријанит Хоџа. Според владејачката СДСМ решението е двајцата кандидати да поминат на Комисијата за избори и именувања, а пленумот да одлучи кој ќе го добие двотретинското мнозинство. Но спикерот Митрески вели дека лично нема да дозволи да има гласање за последниот член на комисијата, без притоа да добие цврсто уверување дека веќе има обезбедено двотретинско мнозинство за еден од кандидатите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk