Инцидент се случил пред одигрување на натпреварот меѓу „Слога“ од Виница и фудбалскиот клуб „Карбинци“ во рамки на третата фудбалска лига на Македонија.
Како што информираат од МВР, триесет и петгодишниот М.Д. фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од четириесет и двегодишниот Д.М. од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
„Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.