Home » Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на средба со амбасадорот на Република Турција

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на средба со амбасадорот на Република Турција

by Журнал.мк

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од постигнатото ниво на соработка помеѓу двата уставни суда, што претставува значаен сегмент во севкупната билатерална соработка на двете земји. Потврда за унапредување на соработката помеѓу судовите е најавената билатерална средба во ноември во Анкара.

Амбасадорот Улусој, ги поздрави поставените приоритети на претседателот на Судот за време на неговиот мандат. Истовремено, изрази надеж дека истите ќе имаат исклучително позитивно влијание во настојувањето на Судот да даде придонес во зголемувањето на довербата на граѓаните во правната држава.

Средбата се реализираше во просториите на Уставниот суд на 27.08.2024 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More