Home » Претседателот на Собранието на Саудиска Арабија во посета на земјава

Претседателот на Собранието на Саудиска Арабија во посета на земјава

by Журнал

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура од денеска до петок ќе биде во официјална посета на земјава.

Како што најавија од Собранието, утре Абдулах бин Мухамед АлШеикх ќе оствари средба со неговиот македонски колега Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Од МВР соопштија дека поради посета на претседателот на Собранието на Саудиска Арабија, во Скопје од денеска до сабота ќе има променет режим на сообраќај.

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More