Home » Претседателката Сиљановска Давкова го честита Денот на албанската азбука

Претседателката Сиљановска Давкова го честита Денот на албанската азбука

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.

„22 ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес.

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување.

Јазикот создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.

Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество.

Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност.

Честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука!“ порача претседателката Сиљановска Давкова.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk