Home » Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН

Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

Сиљановска Давкова пред Генералното Собрание ќе се обрати на македонски јазик.

Таа во интервју за државната МИА, вели дека нејзината порака ќе ја пренесе на македонски јазик и дека, меѓу другото, ќе потсети на нашата решеност за мирољубивост, дијалог и за почитување на меѓународното право.

– Всушност ќе ја доразвијам, бидејќи утре ќе имам 15 минути време, утре на македонски јазик. Завчера зборувавме за иднината на светот ама јас сега сакам иднината на светот низ македонскиот збор, низ македонската реч. Значи ќе ги развијам основните тези – ќе ги потсетам на тажната македонска приказна во чија креација учествуваа ОН, низ се што поминавме, ќе потсетам на нашата решеност мирољубиво, низ дијалог секогаш да се почитува и да го почитуваме меѓународното право. Ќе укажам на основните проблеми на човештвото, меѓутоа сега со поголема аргументација, на мирот, на безбедноста, Совет за безбедност имаме ама амбиентот е небезбеден, секаде па дури и овде во Њујорк – рече претседателката Сиљановска Давкова.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk