Home » Претседателката на Женската асамблеја во огранокот во Кичево се повлекува од Алијансата на Таравари

Претседателката на Женската асамблеја во огранокот во Кичево се повлекува од Алијансата на Таравари

by Журнал.мк

Шќипе Мустафа, поранешна членка на Централното претседателство на Алијансата за Албанците и претседателка на Женската асамблеја во огранокот на партијата во Кичево, јавно го објави своето дистанцирање од актуелното раководство на партијата предводена од Арбен Таравари.

Во една остра изјава, Мустафа изрази длабоко незадоволство од одлуката на АА да ја напушти Владата, оценувајќи ја како „неодговорен и штетен акт“.

„Одлуката за напуштање на власта во овој критичен момент за државата и за нашата заедница, наместо да се бориме одвнатре во институциите, за мене претставува вртење грб на граѓаните што ни веруваа,“ потенцира таа.

Мустафа ги обвини партиските раководители за недостаток на транспарентност и стратегија, додавајќи дека целата жртва на структурата се претворила во лична политичка игра.

„Ова не е патот на Арбен – пат кој го имав како идеал и го следев две децении,“ напиша Мустафа, јасно ставајќи до знаење дека веќе не го поддржува раководењето на Арбен Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk