Home » Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес постигнаа договор за државно финансирање на Владата

Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес постигнаа договор за државно финансирање на Владата

by Журнал.мк

Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за финансирање на владата што ќе биде усвоен и од Сенатот и од Претставничкиот дом во текот на неделата. Добрата вест е дека Конгресот конечно постигна двопартиски договор за финансирање што ќе ја одржува владата во функција, рече претседателот на Сенатот, демократот Чак Шумер.

Лидерите на Конгресот се договорија за пакет мерки во вредност од 460 милијарди долари за кои сè уште треба да се гласа во Сенатот и Претставничкиот дом на САД.

-Времето истекува сега, бидејќи владиното финансирање истекува во петок, предупреди Шумер, додавајќи дека Претставничкиот дом треба брзо да го усвои договорот и да го испрати до Сенатот на одобрување.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, оцени дека договорот ќе овозможи и одредени намалувања на трошоците на федерално ниво.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се обрати во Конгресот на 7 март за состојбата на Унијата, кое традиционално е главното обраќање на претседателот во двата дома на Конгресот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk