Home » Пресврт во случајот со 18 годишната девојка која загина под мистериозни околности

Пресврт во случајот со 18 годишната девојка која загина под мистериозни околности

by Журнал

Малезиските власти најавија дека истрагата за смртта на Ивана Смит ќе продолжи оваа година, речиси седум години откако таа беше пронајдена мртва во Куала Лумпур.

Случајот првично беше прогласен за несреќен случај – Најпрво се веруваше дека 18-годишната девојка случајно паднала од 20-ти кат на зграда во Малезија, од балконот на собата на американскиот милионер Александар Амад Џонсон (45) и неговата сопруга, манекенката Луна (32).

Истрагата првично утврди дека смртта во декември 2017 година е „несреќен случај“. Но, две години подоцна беше отворена истрага со сомнение за насилна смрт, која по неколку години конечно се претвори во судско рочиште кое ќе започне во октомври годинава.

Вечерта кога почина манекенката Ивана Смит, таа отиде во станот на богат американски пар. Александар, кој заработил милиони во криптовалути, и неговата сопруга Луна ѝ рекле на полицијата дека имале групен секс со несреќната девојка таа вечер.

– Ивана ни беше пријателка и двајцата имавме сексуални односи со неа – рече Луна и додаде дека Ивана доброволно им се придружила во станот.

Американскиот пар во полиција изјавил дека спиеле кога девојката паднала од балконот. Рекоа дека мислеле дека го напуштила станот. Во крвта не им биле пронајдени траги од дрога, но во нивниот стан била пронајдена облеката на манекенката, со што се демантираше приказната дека мислеле дека го напуштила станот.

Сега сомнежите се дека е убиена.

Независните истражители и семејството се сомневаат дека таа е убиена и укажуваат на бројни пропусти во истрагата на малезиската полиција, на пример, дека хотелската соба не била запечатена по инцидентот и дека парот ја напуштил земјата без проблеми.

По обдукцијата, холандскиот патолог Фран де Грот за холандските медиуми заклучил дека дел од повредите не одговараат на повредите здобиени при пад од голема височина. Освен тоа, немаше многу крв на балконот каде што беше пронајдена. Врз основа на ова, тој заклучил дека постои можност таа да била мртва и пред падот.

– Нешто се случило пред падот од балконот. Можеби се лизнала, можеби некој ја удрил во глава. Вакви модринки се можни само ако лицето е се уште живо – нагласи тој.

Соседите сведочеа дека вечерта слушнале расправии од станот.

Семејството поднело граѓанска тужба против малезиската полиција. Првото рочиште е закажано за октомври годинава. Во декември 2023 година, тие апелираа до малезискиот премиер лично да се вклучи во случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk