Се помалку вода во Преспанското езеро.Калта и тињата ги голтаат плажите.Сликата од терен е алармантна но и тажна. Цели површини на брегот се исушени, водата се повеќе се повлекува.Причините се неколку,климатските промени намалелни снежни врнежи, сушата но и наводнувањето на овоштарниците и земјоделските површини во трите држава кои го делат.
Според најновите мерења водостојот е на кота од 841.42 м.н.в.Нултата точка на водомерната летва во С.Наколец е на 847,60 м тоа значи разлика од околу 6,18м.- велат од Секторот за животна средина Ресен.
Од 1963 година наваму Преспанско Езеро се повлекува. А според некои истражувања Во изминатите шест децении езерото загубило околу 60 отсто од волуменот на водата.
Но иако постојано се алармира за оваа ситуација во пракса не се спроведуваат мерки за спас на езерото. Од локалната самоуправа велат се чека рамскарската комисија да го даде најдобриот извештај како да се спаси водостојот.Во меѓувреме е планиран проектот од ЕУ за изградба на седум канализациони системи информира градоначалникот на Ресен.
Она што дополнително загрижува е што повлеченоста на водата на различни крајбрежни делови е се поголема. Ако во Претор се повлекла за 10 или 20 метри, на крајбрежјето во Стење или Коњско брегот е проширен за 150–180 метри во должина зависно од местоположба.