Поради ранливост која овозможуваше вешта измама на Windows Hello, Microsoft го оневозможи препознавањето на лице во затемнети простории.
Microsoft тивко воведе промена со која се оневозможува отклучување на уредот со лице во темнина преку функцијата Windows Hello. Иако може да изгледа како грешка, всушност се работи за безбедносна мерка.
Имено, уште во април Microsoft закрпи ранливост која дозволуваше заобиколување на системот за препознавање на лице со помош на фотографии или други трикови, но со тоа ја укина можноста за користење на Windows Hello во услови на слабо осветлување.
„По инсталирање на ова или поново ажурирање на Windows, поради зголемена безбедност, Windows Hello за препознавање на лице бара камери во боја кои го гледаат лицето при најавување“, се наведува во белешките за априлското ажурирање.
Како што пренесува The Verge, можно е повторно да се овозможи отклучување со лице во мрак со тоа што во поставките ќе се исклучи обичната, односно RGB камерата. Во тој случај Windows Hello користи само инфрацрвен (IR) сензор, како претходно. Но, проблемот е што со тоа камерата целосно се исклучува и не може да се користи за видео повици или во други апликации, па за повеќето корисници ова не е практично решение.
Сепак, за оние што би ја избрале таа опција, треба да се напомене дека токму IR сензорот беше причината за воведување на оваа безбедносна промена.