Home » Препознавањето на лице доаѓа и кај автомобилите за отклучување и стартување

Препознавањето на лице доаѓа и кај автомобилите за отклучување и стартување

by Журнал

По мобилните телефони, сега и автомобилите ќе можат да се отклучуваат со помош на препознавање на лицето, па дури и да се стартуваат, благодарение на иновацијата која доаѓа од Continental.

Continental го претстави “Face Authentication Display”, двостепен систем за контрола на пристапот до автомобилот, базиран на биометриско препознавање на корисникот. Системот има камера поставена на столбот помеѓу двете врати, додека скриена камера зад конзолата го детектира возачот.

Благодарение на биометриската автентикација на лицето, возилото се отклучува и стартува штом детектира регистриран корисник. Системот верно детектира обиди за измама благодарение на детекцијата на „жива личност” и обиди за подметнување слики.

Системот ќе овозможи возачот да плаќа и некои услуги преку инфотејмент системот.

Но, кај некои оваа технологија предизвикува загриженост за приватноста.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More