Home » Препорака од КЗБ, децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка

Препорака од КЗБ, децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка

by Журнал.мк

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

Во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.

– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Според д-р Петличковски, состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна. Во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица, а во државата над 200. Д-р Петличковски најави дека е можно во следниве недели да излезат со построги епидемиолошки мерки.

-Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен за државата и тука мора многу да работиме, рече д-р Петличковски.

Тој напомена дека не постојат некакви потврди за привремена спреченост од вакцинација, по кои родителите често посегнуваат и ги бараат, за да ја избегнат вакцинизицијата на децата.

– Постојат само потврди за трајна спреченост од вакцинација, тие се тие потврди кои се издаваат од тричлена комисија на Клиниката за детски болести, но вакви потврди за привремена спреченост не издаваат и не се валидни ниту од матичен лекар, ниту од Клиника, ниту од друга некаква комисија, појасни д-р Петличковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More