Home » Пренџов: Новата власт учи од грешките на сите претходни влади вклучително и на претходната на ВМРО

Пренџов: Новата власт учи од грешките на сите претходни влади вклучително и на претходната на ВМРО

by Журнал.мк

Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа рече дека кредитот од Велика Британија е мега проект кој е поволен за Македонија. Според него, каматната стапка на Британија е најниска бидејќи има добар кредитен рејтинг.

„Македонија прави мега проекти не својствени за нас. Кредитниот рејтинг на Македонија каков што е денес е дека може да се задолжи 350 милиони евра, она што е добро за нас е тоа што Обединетото Кралство е наш гарантор во врска со онаа потрага по пари. Британија има најдобар кредитен рејтинг во светот и тие нас ни се жирант, политичка поддршка. Потпишаа договор дека се гарант за нас, стојат зад нас, тоа е добро политички. Ние бараме сериозна поддршка, долго време бараме некој да застане зад нас. Во Македонија ние денес имаме железница од Табановце до Гевгелија во еден правец и што се случува сега. Таа траса е со векови и точно се знаат добрите и лошите страни“, рече Пренџов.

Објасни и дека новата власт научила многу лекции од грешките на сите претходни влади.

„Каматната стапка на Британија е најниска бидејќи има најдобар кредитен рејтинг. Кога имате побарување на средства од Европа од независни фондови тогаш добивате најниска стапка дека зад вас стои Британија. Важно е да се нагалси дека владата ги научи лошите лекции од претходните влади. Научивме лекција и од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, дека не може да се плаќа предвреме. Затоа сега кога ќе заврши проектот ќе почнеме да плаќаме. Тоа е добро, бидјеќи се однесувате добро со парите и тој што проектира има интерес да го завшри побрзо за да ги добие парите. Фирмите ќе бидат македонски“, додаде Пренџов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk