Home » Премиерот на преодната влада на Хаити, Гари Конил, наводно е хоспитализиран во главниот град Порт-о-Пренс

Премиерот на преодната влада на Хаити, Гари Конил, наводно е хоспитализиран во главниот град Порт-о-Пренс

by Журнал.мк

Премиерот на преодната влада на Хаити, Гари Конил, наводно е хоспитализиран во главниот град Порт-о-Пренс, јади ДПА.

Конил боледува од хронична астма и има тешкотии со дишењето, јавија синоќа медиумите во карипската држава, цитирајќи луѓе блиски до него. Се прават и подготовки за префрлање на премиерот во болница во странство.

Кон крајот на мај, преодниот претседателски совет на Хаити го избра Конил, кој беше премиер од септември 2011 до мај 2012 година, за привремен премиер за да ја изведе карипската држава од сериозната политичка криза.

Во екот на сериозна криза која вклучува политички конфликти, безбедносни и проблеми со снабдувањето, Конил доби задача да го отвори патот за првите избори од 2016 година.

Насилството од вооружените банди, кои според податоците на ОН веќе контролираат околу 80 проценти од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, повторно ескалираа на крајот на февруари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More