Home » Премиерот на Канада во посета на Париз и Лондон

Премиерот на Канада во посета на Париз и Лондон

by Журнал.мк

Новиот премиер на Канада, Марк Карни, во првата официјална посета на странство ќе ги посети Париз и Лондон, со цел да го зајакне сојузот со Европа во услови на сериозни тензии помеѓу Отава и Вашингтон.

– Посетата има за цел да ги зајакне нашите трговски и воени врски со двајцата наши најстабилни и доверливи партнери, наведе Карни.

Канада, со население од 41 милион жители, доживува криза без преседан во својата историја. Американскиот претседател Доналд Трамп почна трговска војна со Отава и најавите дека сака Канада да стане „51-та американска држава“.

Карни, кој на 14 март ја презеде премиерската функција, прво ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа со британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс Трети.

– Карни и Макрон ќе разговараат и за руската воена агресија против Украина и клучните проекти во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, соопшти Елисејската палата.

Додека Карни со Стармер ќе разговара за „зајакнување на трансатлантската безбедност, развој на секторот за вештачка интелигенција и стабилни трговски односи“.

Велика Британија е трет по големина трговски партнер на Канада со билатерална размена проценета на 61 милијарда канадски долари (40 милијарди евра).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk