Home » Премиерот на Црна Гора го вратил шефот на дипломатијата од посетата на Македонија

Премиерот на Црна Гора го вратил шефот на дипломатијата од посетата на Македонија

by Журнал.мк

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денеска ја прекинал посетата на својот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ на Македонија бидејќи тој застанал на страната на коалициониот партнер кој повеќе не ја поддржува владата на Кривокапиќ.

Претходно, Радуловиќ застанал на страната на вицепремиерот Дритан Абазовиќ, чија партија Обединета реформска акција (УРА) одлучила да ја негира довербата на владата.

Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој морал да се врати од Скопје во Подгорица. Медиумите јавуваат дека Радуловиќ им се извинила на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како лична, непримерна и непрофесионална.

Вчера Кривокапиќ го обвинил Радуловиќ дека интензивно ја промовира малцинската влада за време на неговите дипломатски состаноци од септември минатата година. Денеска премиерот отпуштил и неколку владини функционери блиски до Абазовиќ.

На 4 февруари пратениците ќе и` изгласаат недоверба на владата на иницијатива на УРА на Абазаовиќ, опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Бошњачката партија (БС), Албанската листа и Албанската коалиција, Либералната партија (ЛП) и некои пратеници од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk