Home » Премиерот Ковачевски ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија

Премиерот Ковачевски ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија

by Журнал.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во 15:25 часот ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО.

Според агендата за официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата, во 16:30 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More