Home » Премиерот Џафери: Соживотот се учи уште од најраната возраст

Премиерот Џафери: Соживотот се учи уште од најраната возраст

by Журнал

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска изврши увид во Детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир, по што даде изјава за медиумите.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Џафери:

„Денес сме во Општина Чаир и во надгледување на работите во изградбата на градинката „Фидани 3“, што под претпоставка има две сестрински објекти што се завршени претходно и биле во функција претходно, но не биле доволни како простории. Секако, објектот е во фаза на изградба.

Според информациите на изведувачите, работата до крајот на април би требало да е затворена со изградбата, со сета опрема и од крајот на април, може да се стави во функција да ги вдоми децата тука.

Секако, објектот е современ, габарит меѓу најголемите, арматура која се предвидува за 300 деца да има можност да се сместат за сите возрасти. Тоа е она што треба да го правиме и го правиме во континуитет во однос на потребите и на Општината Чаир и пошироко од Општината, за да може да ги задоволуваат потребите и на родителите и на децата и на персоналот кој ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk