Home » ПРЕМИЕРА: Cupra официјално го претстави својот најголем SUV, новиот Terramar

ПРЕМИЕРА: Cupra официјално го претстави својот најголем SUV, новиот Terramar

by Lina Muslija

Со претставувањето и лансирањето на Terramar, Cupra ја заокружува својата понуда која сега вклучува дури шест различни моделски имиња.

 

Terramar е голем SUV, замислен и поставен да ја заокружи понудата на Cupra. Интересно е да се напомене дека новиот Terramar е развиен заедно до сестринскиот модел од Audi, односно новиот Q3 кој треба да пристигне следната година. Terramar е изграден врз најновата итерација на MQB Evo архитектурата која овозможува високо-технолошки, моќни и ефикасни погони, како и грст нови технологии.

Дизајнот на Terramar ги користи сите елементи кои се препознатливи за Cupra како бренд – агресивните форми и линии, многуте триаголни елементи и нагласените, дури преувеличени елементи како на пример широкиот преден браник и големиот заден дифузер. На предниот дел доминираат острите светла со интегрирани DRL, како и агресивната предна решетка. Профилот е комплексен, додека на задниот дел вниманието оди кон задните светла, нагласениот заден дифузер и комплексните форми на задницата.

Сличен е пристапот и во кабината – забележуваме хај-тек решенија во форма на дигитални инструменти и голем дисплеј наменет за инфозабавниот систем и мултимедијалните функционалности, но и многу луксузни елементи – како на пример бронзените детали, извајаните спортски седишта, привлечно амбиентално осветлување и аудио-уред од Sennheiser.

Terramar ќе биде достапен со дури пет различни погонски опции. Вовед во Terramar е 1.5-литарскиот eTSI со 48-волтна лајт-хибридна компонента и 150 коњски сили. Скалило погоре се двете конфигурации на 2-литарскиот TSI – првата со 204 коњски сили и погон на сите четири тркала, додека втората ќе ја носи ознаката VZ и нуди 265 коњски сили. Во двата случаи, силата се пренесува кон сите четири тркала.

Конечно, тука е и Terramar eHybrid кој добива плаг-ин хибриден погон. Погонот е достапен во две конфигурации и комбинира 1.5-литарски TSI со батериски модул со капацитет од 19.7 kWh. Вкупната, системска моќност е 204 или 272 коњски сили, а се очекува да можат да поминат до околу 100 километри на електрична енергија.

Terramar се очекува да биде достапен наскоро.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More