Home » Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје

Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје

by Журнал.мк

Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“. На средбата учествуваа претставници од средните училишта на Град Скопје и претставници од Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел утврдување на понатамошните насоки и активности поврзани со реализацијата на овој проект, согласно со годишната програма на Одделението за превенција при СВР Скопје што се однесува на преземање на превентивни мерки и активности за подобрување на општата безбедност.

Целта на овој проект е подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците, а воедно и намалување на сите облици и типови на насилство меѓу учениците, насилство на спортски натпревари и други облици на непримерно и девијантно однесување на јавни места поврзани со младата популација, како и ширење на говор на омраза на социјалните мрежи, вклучително и меѓуврсничко насилство и безбедност во сообраќајот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More