Home » Преку Фесјбук стигнуваат лажни пораки од Пошта

Преку Фесјбук стигнуваат лажни пораки од Пошта

by Журнал

Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа Facebook, известија од таму.

– Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки. Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Северна Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден – велат од Пошта.

Ги молат граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница.

Потсетуваат дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More