7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Преговорите за новата австриска влада влегуваат во решавачка фаза

Најчитани вести

По тридневниот прекин за Божик, мандатарот за состав на новата австриска влада и лидер на Народната партија (ОВП) Себастијан Курц и лидерот на Зелените Вернер Коглер денеска ги продолжуваат преговорите за коалиција, кои влегуваат во решавачка фаза.
Курц пред два дена изјави дека очекува многу брзо да биде формирана нова влада, а медиумите проценуваат дека тоа може да се случи во првите две недели од новата година.

Виенскиот весник „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на неименувани претставници на двете партии, тврди дека веќе е договорено кој ќе ги преземе кои министерства.

Денешната нова рунда преговори за коалиција не е последна, бидејќи состаноци се закажани и во текот на викендот, а официјално завршување на коалициските преговори е планирано за новата година.

Преговорите за коалиција во Австрија порано траеја во просек 60 дена, а најдолго се преговарало во 1962 година, кога ОВП и Социјалдемократската партија (СПО) преговараа 129 дена, додека најкусо – 22 дена, траеја преговорите во 2017 година кои резултираа со формирање влада меѓу ОВП и Слободарската партија (ФПО).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com