Home » Прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места, до 9 часот гласале 326 луѓе односно 7.22%

Прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места, до 9 часот гласале 326 луѓе односно 7.22%

by Журнал.мк

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.

Како што соопшти Државната изборна комисија, до 9 часот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач односно 10.17%.

Во ИМ1194 во Крушево, гласале 57 гласачи односно 12.15%.

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 22 гласачи односно 7.38%.

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 54 гласачи односно 7.59%.

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 22 гласачи односно 3.34%.

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 14 гласачи односно 2.22%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 56 гласачи односно 7.44%.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места, велат од ДИК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More