На 09.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
-Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.