Home » Прегазена мечка на патот Гостивар-Охрид

Прегазена мечка на патот Гостивар-Охрид

by Журнал.мк

Утринава, во 5.37 минути мечка која преминувала била удрена од возило на патот Гостивар-Охрид кај вториот каменолом.

Како што информираат од регионалниот ЦУК Тетово, повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место.

„На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат“, се вели во соопштението на ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More