HomeМакедонијаПредлогот на опозицијата за минимална плата од 600 евра влезе во Собранието

Предлогот на опозицијата за минимална плата од 600 евра влезе во Собранието

- Advertisement -spot_img

Барањата на ССМ за минимална плата од 600 евра и по 100 евра за останатите работници и понатаму тема на дискусија за подобар стандард на граѓаните.

Од СДСМ кои даваат целосна поддршка за зголемување на минималната плата велат дека за тоа е потребно политичка волја и истиот предлог поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата треба да добие зелено светло од сите пратеници во Собрание.

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска вели дека СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.

Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот, вели пратемикот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и по 100 евра за останатите работници ја подели јавноста за дел од бизнис заедницата за такво нешто да се случи, велат, потребно е ослободувањее од плаќање на социјалните придонеси во спротивно бизнисот не може да ги издржи тие трошоци. Од друга страна, од ССМ не отспауваат со барањата и најавија масовен протест и генерален штрајк.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img