Home » Предлог – законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Предлог – законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

by Журнал.мк

Собранието денеска продолжение на 14-та седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог закон за задолжување на земјава со заем од половина милијарда евра од унгарската влада, по скратена постапка. Собраниската комисија за финансирање и буџет минатата недела го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија.

Вкупниот износ на заемот од унгарската Експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти.

Земјава ќе и плаќа на унгарската Експорт – импорт банка провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата. Дополнително Македонија ќе и плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од унгарската Експорт – импорт банка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk