Со предложените измени, целиме кон усогласување на националното законодавство со Конвенцијата за пристап до официјални документи на Советот на Европа – Тромсо. Истовремено, се стремиме кон унапредување на ефикасноста на постапката за слободен пристап до информации, како и кон зајакнување на транспарентноста и одговорноста на имателите на информации од јавен карактер.
⚙️ Веруваме дека измените ќе овозможат ефикасен и побрз механизам со кој институциите во Република Северна Македонија ќе постапуваат правично, навремено и професионално по барањата за пристап до информации.
🌍 Посебно внимание се посветува на информациите од јавен интерес кои се од суштинско значење за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина. Во вакви случаи, имателот на информацијата има обврска да постапи веднаш, без одлагање, а најдоцна во рок од три дена.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е објавен на платформата ЕНЕ
17