Home » Предлог зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16 јануари

Предлог зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16 јануари

by Журнал

Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност, oва се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители, соопштуваат од Министерството.

Предлог Законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Република Северна Македонија по истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата на Република Македонија да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција. Измената се предлага како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More