Home » Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки едногласно поддржани и доставени до Собранието

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки едногласно поддржани и доставени до Собранието

by Журнал

Владината прес-служба вечерва соопшти дека на 221-та владина седница одржана на 16 јануари со консензус, едногласно е изразена политичка волја до Собранието на Република Северна Македонија да се поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.

На посочената владина седница, Владата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции.

Воедно, ве информираме дека Владата на Република Северна Македонија ги определи за претставници на Владата во Собранието д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.

По усогласувањето со сите наведени институции, пречистениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk