Home » Предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, се очекуваат и вакцини за возрасни

Предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, се очекуваат и вакцини за возрасни

by Журнал.мк

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, по нејзиното заседавање.

Тој повтори оти вакциналните пунктови во Скопје, каде што има епидемија, работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата, во вакц пунктовите да биде задолжителна за подобар преглед.

– На денешната седница разговаравме исклучиво за пертусис. Најмногу заболени има во Скопје – подвлече Мехмедовиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More