Во петок на 6 септемви во во Галерија МС во Њујорк, Тошо Филиповски ќе одржи предавање на тема „Историја на Македонската рок музика, 1963-2023“.
Проектот е осмислен како двочасовно предавање за оичетоците развојот и сегашноста на македонската рок музика, сватена во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив…..).
Серијата предавања ќе вклучат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички артефакти (фотографии, изданија, часописи, фанзини итн…) од пребогатата македонската музика историја.
Самата идеја и потребата од едни вакви предавања е иницирана од македонските иселеници, во периодот кога е создавана “Македонска Рок Енциклопедија, 1963-2018, Прв Том”. Главна цел на предавањетое запознавање на младите генерации, со македонско потекло и со богатата македонска урбана музичка историја, како и депонирање примероци од книгите, чии автор е Тошо Филиповски во Конгресната библиотека во Вашингтон (Capitol and Library of Congress) и во музејот на Рокенрол холот на славните (Rock’n’Roll Hall Of Fame) во Кливленд.
Веќе е остварен контакт со спомнатите институции и тие се во очекување на средба и примероци од книгите, а период на реализација е од 03 до 30 септември 2024 година. Предвидени локации за посета се Њу Јорк, Њу Џерси, Вашингтон, Чикаго, Детроит, Кливленд, Колумбус, Атланта.
Тошо Филиповски е публицист, издавач и рок хроничар. Пасиониран вљубеник во рок музиката со особен фокус на македонската рок музика и посветен автор на содржина за истата, што ќе остане како наследство за идните генерации од кои очекува продолжување на раскажувањето на приказната за живописната македонска рок музика.