Home » Пред Самитот во Хаг – Европската комисија со порака до Македонија, промената на Уставот е услов за почнување на преговори

Пред Самитот во Хаг – Европската комисија со порака до Македонија, промената на Уставот е услов за почнување на преговори

by Журнал.мк

Пред НАТО самитот,  Брисел нема одговор дали Сиљановска и  Желјазков ќе седнат на заедничка маса во Хаг, но Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порачаа од Европската Комисија за ТВ 24.

По изјавата на премиерот Мицкоски дека е во комуникација со Европската Комисија и дека е одреден предлог термин за средба на маргините на НАТО Самитот во Хаг но дека се чека Бугарија,  телевизија 24 побара став од Комисијата – Дали Софија прифаќа или одбива средба, дали ЕУ, САД и НАТО се уште се спремни да седнат на масата како сведоци и дали е доставен одговор до Брисел.

Од ЕК, кратко порачаа дека силно охрабруваат дијалог меѓу двете страни.

Европска Комисија – Без оглед на можната претстојна средба во Хаг, ние продолжуваме силно да ја охрабруваме добрата соработка и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување.

Македонија да ги усвои уставните измени како што се обврза во 2022 година, велат од Комисијата за ТВ 24, на прашањето какви креативни решенија има ЕУ да понуди за деблокада на процесот на евроинтеграција.

Европска Комисија – За да се движи напред во процесот на преговори за пристапување, Северна Македонија треба да усвои уставни измени (со цел да се вклучат во Уставот граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како што се Бугарите), како што се обврза да го стори тоа и во согласност со заклучоците на Советот од 2022 година. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Додека трае молкот од Бугарија за средба во Хаг, тензијата меѓу Скопје и Софија се трансмитира на повеќе дипломатски платформи. Во европарламентот се води интензивна битка за гласањето на новиот извештај за напредокот на Македонија на 24 јуни во Стразбург, за кого евроамбасадорот Рокас денеска изјави дека не може да го прогнозира исходот.

Во меѓувреме Мицкоски и Сиљановска заднички ги билдаат силите за можна средба со бугарскиот политичкиот врв, а Желјазков веќе ги тргна од агендата Австрија, која имаше понуда за медијатор и Совет на Европа – од каде порача организацијата да не се користи за тн. антибугарска кампања, а во исто време побара и заштита на Бугарите во Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk