Пред стартот на новата жетва, амбарите на земјоделците од кочанско, полни со оризова арпа од ланската реколта. Од Националната мрежа на земјоделци, тврдат дека во моментот има околу 5000тони неоткупена арпа, а тоа се должи на ниската откупна цена што им ја нудат откупувачите. Сега стравуваат дека приносите од новата жетва дополнително ќе ја намалат цената и белото злато, ќе го продават за џабе..
„Ние станавме социјални случи, верувајте! Министерот, беше и имаше договор да го откупат. Тогаш се нафатија, но сега велат дека не се во состојба , ќе се увезува од Србија…имаат образложение. Значи тој договор што го постигнаа со министерот не е испочитуван и не е откупен ниту еден килограм ориз. Луѓето буквално не знаат што да му прават , а и нема каде да го чуват, бидејќи сега ќе стаса новата реколта„ вели Здравко Арсов, од Националната мрежа на земјоделци.
Во моментот килограм арпа, се продава од 30 до 32 денари, што за производителите е неодржливо и нивното производство го прави нерентабилно. Бидејќи откупувачите не го испочитувале договорот, оризопроизводителите барат повторна средба со министерот, како и формирање на нова производна цена за белото злато.
„Се уште се водиме по таа производна цена изготвена пред две до три години. Меѓутоа оттогаш до денес имаме промени во производството, значи употреба на повеќе хербициди и трошоците секако се зголемуваат. Затоа и апелираме да не повика министерот и да оствариме дијалог во што е можно пократок рок и ќе најдеме заеднички јазик за да ги решиме проблемите„ изјави Стојче Ташов, од Националната мрежа на земјоделци.
Новата жетва на ориз се очекува да започне во септември. Соред првичните прогнози на оризопроизводителите, поради сушата годинава се очекува род со лош квалитет.
„Квалитетот за 2024 ќе биде најлош. Причина е касната седба. Тие што сееа до 1мај тие ќе имат подобри резултати. Таму се очекува жетвата да започне од 15 септември„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци
Се очекува да бидат ожнеани околу 20.000тони оризова арпа, од која по обработката ќе се добијат околу 10.000тони бел ориз.