Home » Правникот Божинов и новинарот Момировски први именувања во претседателскиот кабинет на Силјановска

Правникот Божинов и новинарот Момировски први именувања во претседателскиот кабинет на Силјановска

by Журнал.мк

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова започна со именување на нови лица во претседателскиот кабинет.

Па така, за генерален секретар ќе биде поставен дипломираниот правник Ѓорѓи Божинов, а негов заменик ќе биде новинарот Горан Момировски.

Се работи за лица со долгогодишно работно искуство.

Божинов е дипломиран правник со работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски е долгогодишен новинар, и соработник на Силјановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More