Home » Правда иницира законски измени за да може на хартија да се полага испитот во Академијата за судии и обвинители

Правда иницира законски измени за да може на хартија да се полага испитот во Академијата за судии и обвинители

by Журнал

Министерството за правда иницира измени на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители со цел главниот квалификациски тест да се полага писмено.

Причина за ова, како што велат од Правда, се проблемите со полагањето на квалификацискиот тест поради тоа што електронскиот систем не е во функција.

Од Правда објаснуваат дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители содржи четири члена. Со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан, кој, како што тврдат, не можел да се предвиди.

-Во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани што не можеле да се предвидат, а поради крајна итност за спроведување на приемниот испит, се предлага можност квалификацискиот тест да се полага во хартиена форма, а резлтатите да се добијат со електронски читач, без вклученост на човечки фактор, водејки сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите. Решението што се предлага е слично со решението содржано во Законот за дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај, велат од Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на полагањето на тестот во писмена форма, од каде што пред два дена предупредија дека тоа е можност за вработување партиски кадри на СДСМ и ДУИ.

-Имено, на 22 јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ и СДСМ да поминат со максимум бодови, Владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено наместо електронски. Ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО, каде што изрeчно е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а сè со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители, напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакции деновиве имаше и од Левицата, од каде што велат дека СДС и ДУИ вршат криминална селекција на кандидатите за Академијата за судии и обвинители.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More