Home » Пратеник од Република Српска, неговата сопруга и дете загинаа во сообраќајка

Пратеник од Република Српска, неговата сопруга и дете загинаа во сообраќајка

by Журнал.мк

Во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Бања Лука – Прњавор загина народниот пратеник на Собранието на Република Српска Срѓан Тодоровиќ, неговата сопруга и детето, а повредени се и уште две деца кои поради повреди на главата и телото итно се пренесени во болница,

-Децата во попладневните часови се примени во Ургентниот центар со повреди на главата и телото здобиени во сообраќајна незгода. Повредите се соодветно третирани, пациентите по укажаната лекарска помош се хоспитализирани, а во тек е понатамошна дијагностика и терапија – наведуваат во УКЦ на Република Српска.

Автомобил „волво“ удрил во камион со приколка, а камионот веќе стоел на патот поради претходен судар со друго возило. Двете деца кои биле во возилото се со повреди, но за среќа се надвор од животна опасност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk