Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица.
Пратеникот и портпарол на Левицата, Амар Мециновиќ, смета дека со тоа ќе продолжи праксата на злоупотреба и наплаќање енормни суми.
„Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како антиестаблишмент-партија, ние се обидуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие што денес ја владеат државата, ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески, ги укина патните трошоци за работниците“, истакна Амар Мециновиќ.
Предлогот на партијата е патните трошоци да се пресметуваат: 6,5 литри на секои изминати 100 километри бидејќи сегашната одредба погрешно се толкува и пратениците испумпуваат пари за армотизација и патарини.