Светлата во големата сала во собранието последен пат биле пуштени на 11ти овој месец. Пред 15 дена народните избраници ја одржаа последната пленарна седница. Од тогаш до денес пратениците одржале само неколку комисиски расправи. На сајтот на Собранието може да се види дека во моментов се откажани две пелнарни и пет комисиски седници.
Телевизија 24 веќе денеска се обиде да добие конкретен одговор од координаторите на пратеничките групи на партиите, поголемиот дел од нив денеска не одговорија на нашите повици. Според информациите, на координативниот состанок на кој било одлучено да не се одржуваат пленарни седници а воедно и пратенички прашања кои се стандардно секој последен четврток во месецот, биле сите претставниците на парламентарните групи во собранието, освен координаторот на ДУИ Блерим Беџети.
Единствено Левица не се согласила да не работи собранието, но кога останатите решиле да нема пратениички прашања, во тој случај од Левица се согласиле да нема ниту пленарки цела недела.
Никола Мицевски кој е координатор на ВМРО ДПМНЕ и Блерим Беџети од ДУИ не кренаа слушалка да ни дадат појаснување, за нивниот двонеделен одмор кој си го дадоа со образложение дека доколку имаат седници, говорницата може да се злоупотреби.
Од ЗНАМ за тв 24 велат дека предлогот оваа недела да нема пратенички прашања излегла од собранискиот спикер Африм Гаши. Но тоа не значи дека тие нема да се одржат., но само опозициските , а не и редовните .
Бобан Карапејовски ЗНАМ: „Собранието не е на никаков одмор, оваа недела нема само пленарни седници. Работи на соодветните комисии се подготвуваат закони има средби со граѓани, се она што е друга надлежност на собранието. “
Координаторот на СДСМ Оливер Спасовски во кус телефонски разговор ни соопшти дека пратениците работат, секој ден доаѓаат во собранието и подготвуваат закони.
Неколку дена по ред јавноста е со жестоки реакции од однесувањето на пратениците. Дел од реакциите се однесуваат на недостатокот на политичка култура кај нардоните избраници, со тоа што тие не закажаа седница на која ќе одадат почин и со една минута молчење ќе изразат сочуство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Кочани. Една од паралелите кои јавноста ја потенцира е 36 часовната работа во кобните часови на несреќата на возачот на Брзата помош кој по заминувањето дома починал, наспроти одлуката на пратениците да не заседваат затоа што може некој од нив на дело да ја покаже својата политичката култура или некултура.