Во рамки на официјалната посета на Република Косово Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово оствари средба со Групата за пријателство на Собранието на Косово со Собранието. На средбата присуствуваа пратениците: Имрлије Салиу-Фетаи, претседател на Групата, Тони Јаревски, член на Групата.
Од страна на Собранието на Косово присуствуваа: Авни Дехари, Влора Думоши и Салих Зуба.
Претседателката на Групата за соработка со Парламентот на Косово, Имрлије Салиу- Фетаи изрази благодарност за срдечниот прием и конструктивните средби со претставниците на Република Косово.
Салуи Фетаи ја истакна важноста на постојаната комуникација меѓу парламентите на сите нивоа, особено на ниво на Групи за соработка и оцени дека динамиката на возвратни посети е соодветна, имајќи во вид дека делегацијата на Групата за пријателство Косово-Северна Македонија од Собранието на Косово оствари посета на Северна Македонија, по покана на тогашниот претседател на Групата за соработка со Парламентот на Косово, Африм Гаши.