Home » Познато зошто Ј. Кореја доживеа дебакл на Азискиот куп: Сон се тепал со соиграч поради пинг-понг!

Познато зошто Ј. Кореја доживеа дебакл на Азискиот куп: Сон се тепал со соиграч поради пинг-понг!

by Журнал

Откриени причините за дебаклот на Јужна Кореја на Азискиот куп и големиот неуспех со поразот од Јордан во полуфиналето.

Првата ѕвезда на Јужна Кореја, Сон Хонг-Мин имал скандалозна физичка пресметка со младиот фудбалер на ПСЖ, Канг Ли. При таа пресметка Сон го повредил прстот, но и покрај тоа и двајцата беа во тимот во полуфиналната пресметка.

Од Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја го потврдија инцидентот изнесувајќи ги и деталите од немилиот настан.

„Се се случи вечерата пред натпреварот со Јордан, а причина за реакцијата на Сон беше одлуката на најмладите репрезентативци Канг Ли, Ву Сеол и Ву Јонг брзо да го завршат оброкот и да поиграат пинг-понг. Разочаран и лут што пред важен натпревар се нарушува единството на тимот а тројцата млади играчи нервозно галамеа за време на пинг-понг играта додека сите не ја завршат вечерата, Сон се обиде да ја прекине играта. Тие не го послушаа, па Сон го фати Канг Ли за врат, а играчот на ПСЖ возврати со тупаница“ – информираат од Јужна Кореја.

Како што пренесува Сон ја избегнал тупаницата на Канг Ли, но во тој момент го повредил прстот. Постарите играчи во тимот побарале од тренерот Јирген Клинсман да го исклучи Канг Ли од репрезентацијата, но Германецот не го прифатил тоа.

Јужна Кореја доживеа неочекувана елиминација во полуфиналето, а Јирген Клисман сега е пред отказ од селекторската функција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More