Home » Познато колку се сериозни проблемите со срцето на Обамејанг

Познато колку се сериозни проблемите со срцето на Обамејанг

by Журнал.мк

Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалската ѕвезда на Арсенал и на репрезентацијата на Габон, нема поголеми проблеми со срцето, објавија во саботата англиските медиуми.

По пристигнувањето на Африканскиот куп на нации минатата недела, Обамејанг доби позитивен тест за КОВИД-19 кој се рашири во играчкиот кадар на Габон.

Исто така, дополнителните тестови покажаа дека тројца репрезентативци на Габон, а освен Обамејанг, се работи за Аксел Меје и Марио Лемина, имаат проблеми со срцето по инфекцијата со коронавирусот.

Од овие причини споменатите тројца не беа на теренот на натпреварот помеѓу Габон и Гана кој заврши 1-1, а веднаш по сознанието лекарите на Арсенал стапија во контакт со лекарскиот тим на Габон.

Утврдено е дека Обамејанг, како и другото дуо, се чувствува добро. Дека првичните тестови покажале благи проблеми и дека само како мерка на претпазливост не го одиграле сите натпреварот против Гана.

Најавени се дополнителни тестови (магнетна резонанца), а репрезентацијата на Габон најави дека сака „да ги следи сите протоколи и да внимава на здравјето на фудбалерите“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk