Home » Познатиот гитарист Ал Ди Меола доживеа срцев удар среде концерт

Познатиот гитарист Ал Ди Меола доживеа срцев удар среде концерт

by Lina Muslija

Повеќекратниот наградуваниот гитарист Ал Ди Меола доживеал срцев удар за време на настап во Букурешт, но моментално е во стабилна состојба, пренесува АП.

Фотографот Драгош Критеску, кој присуствувал на неговиот настап, за агенцијата изјавил дека во еден момент гитаристот престанал да свири и се фатил за градите, а потоа полека ја напуштил сцената.

Останатите од групата свиреле уште неколку минути а потоа соопштиле дека концертот се прекинува.

Во соопштението на болницата „Багдасар-Арсени“ се наведува дека Ди Меола бил примен на кардиолошкото одделение, каде што се лекува од миокарден инфаркт.

Станува збор за еден од најценетите гитаристи на денешницата, кој во текот на животот доби бројни награди, меѓу кои и Греми. Продаде повеќе од шест милиони албуми ширум светот, а последен пат во Македонија одржа концерт во 2017 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More