Манчестер Јунајтед излезе како победник од драмата со Ливерпул на „Олд Трафорд“, а веднаш по тој дуел беше извршена ждрепката за полуфиналето во ова натпреварување, односно ги имаме паровите за соочувањата на „Вембли“.
Овие дуели ќе се играа наредниот месец и тоа на 20 и 21, а „џекпотот“ во излекувањето го доби клубот од „Олд Трафорд“ кој ќе се соочи со најпријатното изненадување Ковентри.
Тоа е тим кој вчера го шокираше Вулверхемптон на негов терен и останува да се види дали ќе може да направи уште едно „чудо“ против уште посилен ривал во името на „црвените ѓаволи“.
Вториот пар е Челси-Манчестер Сити, меч кој за „сините“ е можеби и најважниот во оваа сезона со оглед на тоа што ФА Купот им е единствена шанса да обезбедат место во Европа во наредната сезона.
„Граѓаните“ пак ќе сакаат да го одбранат трофејот, односно до таа цел ги дели уште два чекори.