Home » Позната е здравствената состојба на семејството повредено во сообраќајна несреќа: Жена пренесена на клиника поради сериозни повреди

Позната е здравствената состојба на семејството повредено во сообраќајна несреќа: Жена пренесена на клиника поради сериозни повреди

by Журнал.мк

Повредената жена од сообраќајната несреќа што се случи денеска во 16:00 часот на крстосницата кај Башино Село близу Велес на автопатот Скопје-Гевгелија е препратена на Скопските клиники, а нејзиниот сопруг е задржан во велешката Општа болница.

-Повредената 73-годишна жена М.И. од Гевгелија од сообраќајката кај Башино Село кај Велес попладнево по приемот во велешката Општа болница и направени снимања поради сериозноста на повредите – скршеници на натколеница вечерва со возило на Итна помош е препратена на понатамошно лекување во Скопските клиники. Таа е вон животна опасност, информира за МИА Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Нејзиниот сопруг 79 годишниот Д.И., додаде, е задржан на лекување во Хируршкото одделение на велешката Општа болница. Него му биле направени рентген и томографски снимања. Нивната ќерка 43-годишната Л.К. која го управувала возилото поминала со гребнатини, а по неопходните рентген испитувања и укажаната лекарска помош била препратена на домашно лекување.

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 16 часот на крстосницата кај Башино Село на автопатот Велес-Гевгелија кога возилото управувано од 43-годишната Л.К. само ја предизвикало сообраќајната несреќа, а увид направила екипа на СВР Велес.

-Денеска во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Република Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира за МИА портпаролот Билјана Ѓаковска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More