Тој откри дека неодамна добил вонбрачна ќерка, и дека ќе ѝ биде „најдобриот татко“.
– Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно – напиша пејачот на „Фу Фајтерс“ во изјава на Инстаграм.
Како што понатаму изјавил, се уште ги сака законската сопруга и децата и прави сѐ за да му биде простено.
– Планирам да бидам родител со љубов и поддршка за неа. Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сѐ што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка – продолжи тој.
– Благодарни сме за вашето внимание кон сите вклучени деца, додека напредуваме заедно.
55-годишниот и неговата сопруга Џордин Блум имаат три ќерки, а нивното прво дете е родено во 2006 година. Три години подоцна, Џордин го родила нивното второ дете, Харпер Вилоу, именувано по пра-вујкото на Дејв, Харпер Бонебрејк.