Home » Познат новиот состав на Комисијата за помилување

Познат новиот состав на Комисијата за помилување

by Журнал.мк

Новиот состав на Комисијата за помилување ќе биде конституиран утре, најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во него ќе бидат пензионираната судијка од Врховниот суд Милка Ристова, професорите Оливер Бачановиќ, Афет Мамути, Александра Груевска Дракулевска, Блерта Ахмеди, потоа психолог професор од Факултетот за безбедност Драгана Батиќ како и магистерот Доан Сулејмановоски.

Според претседателката на државата најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа.

Дополнително да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози.

Претходно шефицата на државата ги прифати оставките на членовите на Комисијата за помилување кои си поднесуваат колективна оставка од позициите откако достави листа за помилување на 23-ти октомври, за 10 осудени лица,а нивните имиња предизвикаа лавина реакции во јавноста.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk