Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, доброволци, хеликоптери и „ер трактори“ веќе 10 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа на социјалните мрежи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно почна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа.
Во фејсбук-групата „Охриѓани“ е споделен повик до сите граѓани што сакаат да помогнат во гаснењето на пожарот на Галичица, кој се прошири на страната кон Охрид.