Home » Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт

Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт

by Журнал.мк

Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено. Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило од 12 до 13.50 часот, интервенирале на извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Охридски пожарникари пак, од 09.45 до 10.30 часот, имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата „Галичица“ ламела – број 2, додаваат од ЦУК.

Оттаму потсетуваат за голема внимателност поради наглите временски промени, покрај другото, внимателно и да се вози, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.

За 24 часа, евидентирани се 1.392 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ – 60,85 проценти, а 39,15 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,67 проценти, кон Итната медицинска помош – 35,24 отсто, а кон пожарникарите – 0,95 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, соопштија од ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More